Македонија

Вкупно 317 јавувања на „Ало докторе“ за два дена

Вкупно 317 јавувања на „Ало докторе“ за два дена

Вкупно 317 јавувања од граѓани од сите градови на Македонија имало во изминативе два дена на телефонската линија Ало докторе.

Како што соопшти денеска Здравствениот дом од Скопје, на телефонската линија 15 123, седумнаесет доктори специјалисти се достапни за граѓаните 24 часа за соодветна здравствена услуга преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

На сите граѓани поради здравствената состојба за која ја побарале линијата Ало докторе! од страна на дежурните служби им е даден медицински совет, а доколку било потребно и симптоматска терапија. На три лица за здравствената состојба поради која се јавиле им е укажано да ја побараат службата за итна медицинска помош.

Во најголем број јавувањата од страна на граѓаните биле за здравствени проблеми во врска со стомачни тегоби, висока телесна температура, и покачен крвен притисок пропратен со главоболки.

Во кол центарот на Ало Докторе секој ден од 18 до 22 часот дежураат директорите на јавните здравствени установи. Денеска дежурен лекар е директорот на Клиниката за ортопедски болести Златко Темелковски. Утре дежурен лекар ќе биде Ненад Јоксимовиќ од Клиниката за гастроентерохепатологија.