Вкупно 35.648 повици на „Ало докторе“

Вкупно 35.648 повици на 02/15 123 откако започна да работи телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“.

Последнава недела се регистрирани 894  повици од граѓани кои се јавиле да побараат медицински совет.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и два лекари се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, симптомна болка, кардиоваскуларни  и респираторни симптоми  од променливите временски услови.