Вкупно 35 илјади садници засадени во општина Илинден

Општина Илинден успешно ја реализираше традиционалната 14-та по ред акција за пошумување во рамките на проектот „Ден на дрво-засади ја својата иднина”, која што годинава се одржа под мотото „Стоп за катастрофите“.

Во оваа  акција за збогатување на шумскиот фонд во која учествуваа голем број на граѓани, ученици, претставници на  спортските клубови, невладините организации, месните заедници, јавните претпријатија, општинската администрација се работеше на пошумување на Миладиновски рид, н.м. Миладиновци. Притоа, на површина од 10 ха беа засадени вкупно 35.000 садници.

Граѓаните и годинава масовно се одзваа на оваа акција која што стана дел од нашата култура и со организиран автобуски превоз уште од раните утрински часови се најдоа на локациите за пошумување.

Во досегашните 13 акции за пошумивање што се реализираа на територија на Општина Илинден на површина од околу 600 ха беа засадени вкупно 1.400.000 садници.