Вкупно 43.909 ученици денеска екстерно тестирани

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека согласно објавените распореди на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, денеска во 9:30 часот започна процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на вкупно 43.909 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование.

Според информациите до овој момент процесот е целосно заокружен во 228 основни и средни училишта.

Инаку, процесот на екстерна проверка на постигањата на знаењата на вкупно 183.280 ученици и проверка на објективноста на оценувањето на 17.803 наставници по 7.560 предмети, започна на 2.6.2015 година и ќе трае заклучно со 10.6.2015 година. Резултатите ќе бидат објавувани етапно, при што, поради претстојните уписи во задолжителното средно образование, предност ќе имаат деветтоодделенците.