Вкупно 49 европраламентарци ја потпишаа Декларацијата за осуда на недемократскиот обид за преземање на власта во Македонија

На официјалната веб страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа објавена е писмената декларација за „Осуда на недемократскиот обид за преземање на власта во Македонија“.

deklaracijaaaa

„Ја изразуваме нашата загриженост за последните случувања во политичката ситуација во МАкедонија, посебно во однос на неодговорното однесување на политичката опозиција.

Ја поддржуваме интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО и сметаме дека евро-атланската интеграција е заедничка одговорност и на владата и на партиите во опозицијата.

Нагласуваме дека парламентарните избори во Македонија беа слободни и фер, како што се нагласува во извештаите на ОСЦЕ и ПССЕ.

Ги осудуваме:

– заканите од Зоран Заев, претседателот на СДСМ кон премиерот Никола Груевски;

– вклученоста на странски разузнавачки служби во илегалното прислушување на телефоните на претставници на државниот врв во Македонија.

Нагласуваме дека само политичките ставови и програми засновани на гласовите на граѓаните се демократски начин за да се добијат избори.

Бараме:

– да се врати политичкиот дијалог и одговорностите на опозицијата, вклучувајќи враќање во Собранието на опозицијата ;

-слободни и независни судски процеси, со највисоки европски стандарди и транспарентна процедура. Ја нагласуваме важноста на политичкиот дијалог во решавањето на конфликтите и ја повикуваме одговорната политичка опозиција во Македонија да ги почитува демократските правила на политичкиот систем“, се вели во Декларацијата.

deklaracija_potpisiiiideklaracija_potpisiii_2

 

potpisiiiii_3

До денес Декларацијата е потпишана од вкупно 49 пратеници од 21 европска земја од четирите политички групи, а се очекува дека своја поддршка со потпишување на овој документ ќе дадат уште неколку партеници.