вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 53

Вкупно 75 загинати и исчезнати во поплави во Кина

kina

Последни вести

Вкупно 75 лица загинаа или се водат како исчезнати во поплавите во северот на Кина, кои се сметаат за најголеми во последните неколку години, соопшти денеска кинеската Влада, пренесува МИА.

Поројните дождови кои траат од понеделникот, предизвикаа хаос во некои реони, вклучувајќи го и Пекинг. Насипите во некои централни области во Кина пак, во секое време може да попуштат. Поради ваквата состојба мобилизирана е и војската.

Десетици илјади лица се евакуирани, а штетата се проценува на стотици милиони долари.

Последните поголеми поплави што ја погодија Кина се случија во 1998, при што загинаа 4.150 луѓе.

Во првата половина од оваа година, билансот на загинати и исчезнати во поплави во Кина е 576 лица.

Најчитани вести