Вкупно 775 ваучери за новороденчиња доделени во Кисела Вода

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец денеска по 17. пат додели еднократна парична помош на нови родители од општината, со што бројот на доделени ваучери се искачи на 775.

bebe2

-Семејството е главниот столб за опстанок на еден народ, за градење на едно здраво и силно општество.  Секое новородено дете, значи чекор напред во остварување на оваа значајна мисија која стои пред секој од нас. Општина Кисела Вода, вложува напори да обезбеди најдобри можни услови за живеење на сите свои жители и искрено се надеваме дека и со оваа скромна помош од 6000 денари која денеска ја доделуваме за 61то новороденче, од кои 22 се машки, а 39 женски, ќе ви излеземе во пресрет за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето, истакна градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.

bebe1

Потенцирајќи дека овој проект кој е дел од  Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода ќе продолжи и ќе се запази се до истекот на нејзиниот мандат, таа уште еднаш упати повик до сите родители кои ги исполнуваат критериумите, воопшто да не се двоумат и да ја поднесат потребната документација за паричната помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.