петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Вкупно 81.444 повици на линијата „Ало докторе“

alo-doktore

Поврзани вести

Од почетокот на проектот „Ало Докторе“ до вчера на бројот 02/15 123 имало вкупно 81.444 повици.

Во текот на изминатата недела 1.121 пациент побарале медицински совет на телефонска линија „Ало докторе“.

Како што информираат од ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија. Најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, сезонски настинки, симптомна болка, покачена телесна температура и совети поврзани со хронични болести.

На сите лица кои побарале медицински совет на телефонската линија им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија, а 25 доктори се достапни за медицински совет.

Најчитани вести