Вкупно 9.686 јавувања на „Ало докторе“ за два месеци

За  точно два месеци 9.686 јавувања на телефонската линија  за медицински совет „Ало докторе“.

Јавувањата се од  граѓани од сите градови на Македонија .

Вкупно  22  доктори  се достапни за медицински совет  24 часа  на телефонската линија „15 123 Ало докторе“.

Во изминативе два дена со пресек до 22 часот имаше 273 јавувања.

На  сите граѓани кои се јавија на телефонската линија „Ало докторе“, им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

На сите оние лица кои ке ја повикаат линијата „Ало докторе“, а поради итноста за здравствената состојба за која се јавиле, повикот им е пренасочен од дежурните специјалисти кон службата за итна медицинска помош .

Јавувањата се  со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, совети за покачена телесна температура, совети за исхрана кај најмалите и симптомна болка.

Секој ден од 18 до 22 часот во кол центарот „Ало докторе“ за медицински совет се дежурни и достапни   за здравствен совет директорите на јавните здравствени установи.

Денес  во  кол центарот на „Ало докторе“ од 18 до 22 часот ќе биде  дежурен др.Слободан Ѓорѓиевски  од ЈЗО Здравствена станица Универзитет св.Кирил и Методиј, а утре проф.др.Бисерка Ќаева, директорка на Клиниката за пулмологија и алергологија.