Индустријата создава два милиона тони отпад, опасен 40.000 тони

Индустријата создава два милиона тони отпад, опасен 40.000 тони
Индустријата создава два милиона тони отпад, опасен 40.000 тони

Преработувачката индустрија создава најголемо количество отпад. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, во текот на 2014 година во Македонија создаден е вкупно 1.845.909 тони отпад, а само преработувачката индустрија создала 1.638.238 тони.

Вкупното количество на создаден опасен отпад изнесува 39.337 тони, од кој 37.126 тони се во преработувачката индустрија.

Од вкупното количество на создаден отпад, 659 238 тони се предаден отпад, односно отпад кој деловните субјекти го предале на други физички или правни лица во земјата или во странство во текот на 2014 година.

Вкупното количество на примен отпад, односно отпад кој деловните субјекти го примиле од други физички или правни лица од земјата или од странство во текот на 2014 година, изнесува 705.825 тони.

Во текот на 2014 година се преработени 197.505 тони отпад, а вкупното количество на отстранет отпад изнесува 1.481.378 тони