Вкусен „секели“ гулаш и уште повкусен десерт

Потребно е

1 кг свинска плешка или бит, 1 кг исечкана кисела зелка, 100 мл кисела павлака, 3 главици кромид, 1 лаж. црвен пипер, сол, црн пипер, 100 мл масло.

Подготовка

Киселата зелка издинстајте ја на маслото околу 15 мин, па додадете вода за да ја прекрие зелката. Варете околу 30 мин. со додавање на вода по потреба. На крајот оставете водата да испари. Ситно исечканиот кромид издинстајте го на масло, додадете го свинското месо исечкано на коцки, потоа пиперот, солта, црвениот пипер и водата динстајте ги околу 40 мин. Кога сосот ќе стане густ, додадете ја поготвената зелка и кесела павлака и добро измешајте.

pudingПУДИНГ СО БАДЕМИ И ЧОКОЛАДО

Потребно е

3 јајца, 60 гр путер, 70 гр шеќер во прав, 60 гр. бадеми, еден ред чоколадо, 30 гр. презла и путер

Подготовка

Жолчките, путерот и шеќерот пенасто изматете ги.Додадете ги смелените бадеми, растопеното чоколадо, презлата и тврдо изматената белка. Калапот за пудинг, намачкајте го со путер, ставете ја смесата и покриена ставете ја во врела вода. Кога водата повторно ќе зоврие, намалете го оганот и тивко варете околу еден час.