Вкусна плескавица полнета со сирење

Подготовка:

500 гр. мелено месо јунешко/пилешко месо

1 главица кромид

2 чешниња лук

сол,пипер и вегета по вкус

малку црвен пипер

3 лаж. свежо сирење

малку маслиново масло

Подготовка:

Измешајте го меленото месо (јунешко и пилешко или мисиркино), изрендајте го кромидот, исечкајте го лукот па зачинете по вкус. Добро измешајте, па оставете ги во фрижидер 30-на мин.Подгответе 3 фолии, секој од нив намачкајте го со неколку капки маслиново масло. Првото топче притиснете го на парчето фолија, па обликувајте плескавица. На средината ставете лажица свежо сирење.

Преку сирењето ставете ја втората топка која ја обликуваме со големина на првата. Лесно притиснете ги краевите и завиткајте ги во фолијата. Од останатите 4 топки, на ист начин подгответе уште две плескавици. Пржете во тавка или пак испечете на скара, по 10-на минути на секоја страна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.