Магазин

Вкусни и брзи крофни

Вкусни и брзи крофни

Состојки

2 јајца

1 шолја јогурт

2 шолји брашно

3 лажици шеќер

прстофат сол

1 пециво

кора од лимон или портокал

пола лажица ракија

Се прават за максимум 15 минути, а резултатот е превкусни, сочни, меки крофни.

Се матат со миксер сите состојки и веднаш се почнува со пржење на крофните.

Во загреано масло со помош на лажица се става од смесата (со густина на јогурт е смесата) и се пржат кратко крофните. Имаат неправилна форма. Се посипуваат со шеќер во прав и со чоколаден прелив.