сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 20

Вкусни чоколадни палачинки без брашно

Леснотијата и брзината со која се подготвуваат ќе ги направат ваш омилен појадок и десерт.

slatko-zadovolstvo-amerikanski-palacinki-so-banana-i-neskvik-01

Поврзани вести

Ако веќе знаете да правите обични палачинки, време е да отидете чекор напред и да го испробате овој нов рецепт за чоколадни палачинки од само 4 состојки.

Леснотијата и брзината со која се подготвуваат ќе ги направат ваш омилен појадок и десерт.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 1 банана
  • 1 лажица путер од кикирики
  • 50g Несквик

Подготовка:

Ставете ги во блендер сите потребни состојки и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.

Истурете од смесата врз тефлонска тава за палачинки (или ако ви се лепат намачкајте малку путер) и почекајте додека да се испечат на една страна (околу 2 мин.) па преверете на другата.

Декорирајте со банана и шлаг или чоколаден прелив или сè она што вас ви се допаѓа.

 

Најчитани вести