Вкусни елки за новогодишната трпеза (ВИДЕО)

Нека вашата празнична трпеза биде најдобра досега, со помош на овој вкусен декоративен десерт што се подготвува мошне едноставно, а изгледа неодоливо.

За пиодготовка на овие вкусни елки ќе ви треба кокос, корнети за сладолед, зелени кочнички, мафини, путер крем или друг сладок крем по ваш вкус, шлаг обоен во зелено, ѕвездички за декорација и шарени бонбони.

Испечете ги омилените мафини, ставете ги во зелени кочнички, па на рабовите нанесете крем.

Крмот ставете го во кокосот. Корнетот втиснете го во кремот, за да добиете изглед на елка. Потоа целиот корнет прекријте го со зелен шлаг, така што ќе добиете изглед на гранчиња.

За крај ви остана само на врвот да ставите ѕвездичка и да ги распоредите „лампионите“.

Деталното упатство за подготовка погледнете го во видеото!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.