Вкусни компири со жалфија

Иако е вкусно, не треба да се претерува со пржените компири…Но, два до три пати месечно можете да си го дозволите ова задоволтво…

Потребни состојки:
750 гр. компири
40 гр. маргарин или путер
1 китка свежа жалфија

Подготовка:
Компирите се лупат, мијат и сушат со крпа. Исечете ги на тенки парчиња. Доколку сакате да добиете австралиски компир, тогаш исечете ги на подебело. Пржете ги во загреан маргарин или путер на тивко околу 20 минути и наросете со исечкана жалфија. Се служат топли.