Вкусни посни колачиња

Овие посни колачиња имаат интересна форма и се превкусни. Бидејќи излегуваат многу, добри се за јадење во друштво.

За ги подготвите овие колачи потребни ви се 500 грама суви смокви, 500 грама урми, 200 грама мелени ореви, 100 грама рендано чоколадо (посно), 4 лажици мармалад, 100 грама печени лешници, 300 грама чоколадни трошки.

Начин на подготовка:

1. Урмите и смоквите се мелат во сечко, а може и на машина за мелење месо.
2. Се додаваат оревите, чоколадото и мармаладот и сето се меша да се изедначи смесата.
3. Се прават цилиндрични форми, како витлерчиња.
4. На краевите се става по половина лешник и потоа се валкаат во чоколадни трошки.