среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 49

Вкусни специјалитети од варени јајца

Специјалитети од варени јајца

Специјалитети од варени јајца

Поврзани вести

За велигденските празници секако имате варени јајца во домот, а еве неколку идеи што можете да подготвите со нив и да ги изненадите вашите најмили:

САЛАТА СО ВАРЕНА ШУНКА И ЈАЈЦА

Потребни се 3 варени јајца, 250 гр. варена шунка, 1 рендан морков, 100 гр варени макарони, прелив од мајонез, павлака, сенф, сол и пипер.

Белката исечкајте ја на коцки, жолчката изгмечете ја и измешајте ја со парчињата варена шунка.Додадете и варени макарони, па додадете го преливот од мајонез, павлака и сенф кои сте ги измешале по желба. Зачинете исто така по желба со сол и пипер па посипете ги со рендан морков, украсете со босилек, магдоност и кругови варени јајца.

palacinki ПАЛАЧИНКИ СО ФИЛ ОД ЈАЈЦА

Потребно е:

За палачинки:

350 гр. варен компир, 150 гр брашно, масло, сол.

За Фил

4 тврдо варени каква, 150 гр. варени компири, 160 гр мајонез, 300 гр. мешан варен зеленчук, 70 гр. кромид, 30 мл оцет, кисела павлака, чили сос, сол и пипер.

Подготовка:

Прво направете палачинки од компири. Компирите сварете ги со лушпа , изгмечете ги и измешајте ги со брашно и сол и направете тесто. Тестото поделете го на неколку делови и секој од нив развлечете го на подлога посипена со брашно. Во тавка испечете го од двете страни. За подготовка на филот тврдо сварените јајца и компирите исечкајте ги на помали делови и измешајте ги со ситно сечканиот кромид и сварениот зеленчук. Посолете и повторно измешајте. Наполнете ги палачинките и ставете ги на чинија и прелијте ги со чили сос и павлака.

tortaТОРТА ОД ПИПЕРКИ

Потребно е 1 пакување леб за тост, 10 испечени пиперки, 400 гр. мајонез, 2 павлаки, 4 кисели краставички, 4 варени јајца, 250 гр. шунка, 100 гр. фета сирење, малку кечаб и 150 гр. кашкавал.

Подготовка:

Измешајте ги мајонезот и павлаката, па поделете ги на три дела. Во првиот дел додадете ја исечканата краставица и исечканите варени јајца. Во другиот дел додадете ја ситно исечканата шунка, изгмеченото фета сирење и кечаб по вкус.

Во третиот дел измешајте изрендан кашкавал и уште една павлака. Печената пиперка исечкајте ја на ленти.Наредете шест парчиња леб за тост на кој сте ја извадиле кората, па нанесете го првиот фил. Преку него распоредете дел од печената пиперка па наредете повторно леб за тост. Нанесете го и вториот фил па уште еден ред печени пиперки, па повторно леб за тост. Целата торта премачкајте ја со третиот фил и украсете со печена пиперка по желба.

Најчитани вести