среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 14

Владата со повик до компаниите да дадат предлози за унапредување на бизнис климата

Владата на Република Македонија континуирано спроведува активности, проекти и мерки за да се унапреди деловната клима, бизнис опкружувањето и конкурентноста, а во таа насока одржувањето на постојан дијалог со бизнис заедницата е воспоставена практика која се дава позитивни резултати.

gorgiev500

Последни вести

Владата на Република Македонија континуирано спроведува активности, проекти и мерки за да се унапреди деловната клима, бизнис опкружувањето и конкурентноста, а во таа насока одржувањето на постојан дијалог со бизнис заедницата е воспоставена практика која се дава позитивни резултати.

Петта година по ред Владата успешно се реализира проектот „Учиме од бизнис заедницата“, кој се покажа како исклучително успешна алатка за подобрување на соработката помеѓу Владата и приватните компании, како и за унапредување на деловното окружување во Република Македонија.

Овој проект започна во 2010 година и тоа под називот „Посета на 150 компании“ и досега успешно се реализирани четири циклуси на посети на компании, односно посетени се вкупно 517 компании и разгледани се околу 700 барања и иницијативи на компаниите.

Реализацијата на овој проект овозможува преку директна комуникација и наспоредно да се осознаат нови инцијативи и предизвици со кои се соочува приватниот сектор, бизнис заедницата и компаниите како и здруженијата на компании при своето работење.

Поради досегашните позитивни резултати, во септември 2015 година Владата започна со реализација на петтиот циклус на посети на компании преку овој проект.

Секој економски субјект и компанија која што има било каква идеја или иницијатива, проблем или предлог за надминување на проблемот е добредојдена да се обрати до Владата на јавниот повик кој што трае заклучно со 31 декември 2015 година. Веднаш потоа во текот на јануари стручни тимови од страна на експерти од институциите кои што имаат делокруг на надлежности во однос на темата која што ја изразила самата компанија, ќе ги посетат директно на лице место, да разговараат со луѓето и со менаџментот и да бараат решенија на предизвиците кои што постојат. Тоа може да се индивидуалните предизвици со кои се сочува една компанија и да наоѓаат решенија за нив но и да се наоѓаат  и системски решенија кои се однесуваат на една област, гранка индустрија или пак регион. Ова е уште еден доказ за отвореноста на Владата, за транспарентноста и стратешката ориентација за континуирано унапредување на бизнис климата низ еден партнерски дијалог со бизнис заедницата, појасни портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Владата ги охрабрува сите компании, независно во кој град се лоцирани, без оглед на нивната големина, дејност или степен на успешност да се пријават на јавниот повик и да придонесат секоја на свој начин  за подобрувањето на бизнис климата во Република Македонија.

Образецот за пријавување во електронска верзија може да се најде на www.vicepremier-ekonomija.gov.mk како и на официјалната страна на Владата на Република Македонија www.vlada.mk. Истиот може да се достави и електронски на следната e-mail адреса: ubz@gs.gov.mk по факс на (02) 3221 506 или по пошта на адреса: Влада на република Македонија Бул „Илинден“ бр.2  1000 Скопје со назнака „Апликација за проект: Учиме од бизнис заедницата и тоа најдоцна до 31.12.2015 година.

По затворањето на јавниот повик, на почетокот на 2016 година Владата ќе оформи тимови од обучени професионалци од повеќе државни институции, кои по утврдувањето на динамиката во Акцискиот план, ќе извршат посети во сите пријавени компании и непосредно ќе ги слушнат предизвиците со коишто тие се соочуваат, како и предлози како компаниите сметаат дека би можела да се подобри бизнис климата во земјата. Овој проект е многу значаен за Владата и негов носител е вицепремиерот Владимир Пешевски.

Од вкупниот број на поднесени барања, приближно една половина се прифатени и реализирани од страна на Владата.

За време на спроведувањето на четирите циклуси од овој проект, во соработка со компаниите Владата изврши измени и дополнувања на низа на закони, донесе повеќе подзаконски акти, стратегии и  програми.

Од предлозите и иницијативите на компаниите произлезе следното:

-Измена и дополнување на Законот за данок на додадена вредност со што е намалена стапката на ДДВ од 18 % на 5% на прометот и увозот на жив добиток;

-Се убрзаа постапките за донесување на урбанистичките планови и урбанистичко плански документации преку посебен електронски систем е—урбанизам;

-Се реализираа барањата на компаниите од туристичкиот сектор и ја воспоставивме директната авионска линија Охрид – Лондон;

-На барањето на компаниите од транспортниот сектор се воспоставија  приоритетни ленти на граничните премини Tабановце и Богородица, со што се овозможува побрз проток на жива стока, стока во свежа состојба, ADR (опасни материи) и празни камиони;

– Се измени Законот за угостителска дејност и им овозможивме на сите угостителските објекти лоцирани на граничните премини, аеродроми, железнички станици, бензински станици, на магистрални и регионални патишта и булевари да работат 24 часа, во интерес и на лицата кои патуваат.

Најчитани вести