четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Владата апелира компаниите да го искористат проектот „Македонија вработува“

Компаниите имаат уште 10 дена за искористување на поволностите кои ги нуди владиниот проект „Македонија вработува“, со кој работодавците се ослободуваат трајно или пак во одреден временски период од плаќање на социјални придонеси и персонален данок на доход за вработување на 5 категории на работници: млади до 35 години, лица на возраст од 35 до 50 години, лица над 50 години, лица над 58 години и лица од социјално ранливи категории.

gorgievv

Поврзани вести

Заклучно со денешниот ден, по основ на овој проект се вработени 16.623 лица, од кои најголем дел или над 6.300 лица кои се млади до 35 годишна возраст.

Овие лица се вработиле во над 9.000 фирми, од кои најголем број или близу 8.000 во мали бизниси кои имаат до 10 работници, а близу 1.000 биле вработени во средни компании кои имаат од 10 до 50 вработени. Проектот го искористиле и над 120 компании кои имаат над 250 работници.

Лицата кои го користеле проектот на Владата се вработувале во секој град, при што најголем број од нив или над 3.400 се вработиле во Скопје, а во Тетово се вработиле над 1.500 лица. Околу 1.200 лица се вработиле во Кочани и во Гостивар, а по 1.000 нови работници добиле и фирмите од Штип и Струмица. Над 500 лица нашле работа и во Охрид, Битола, Куманово, Прилеп, Струга и други градови.

Проектот „Македонија вработува“ дава исклучително позитивни резултати, го користат и малите и средните и големите компании. Се вработуваат лица во сите градови во Република Македонија кои имаат различен степен на образование и се од различна возраст. Апелираме работодавците да ги искористат придобивките и можностите кои ги обезбедува Владата, со поднесување на апликација до Агенцијата за вработување заклучно со 14-ти април оваа година и на тој начин да обезбедат заштеди на трошоците во висина до 37% за ангажирање на нови работници. Тие средства ќе можат да ги искористат за нов развој на своето претпријатие, а истовремено да придонесат во стратешката цел на Владата, а тоа е зголемување на вработеноста во Република Македонија, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Најголем дел од реализираните вработувања се на лица со средно образование или над 9.000 од нив, со основно образование се над 4.000 лица, а близу 3.000 се работници со високо образование, меѓу кои и над 200 магистри и доктори на науки.

Најчитани вести