Владата бара ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собрание за Законот за јазиците

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат на собраниската седница за Законот за јазиците, да бидат во институцијата каде може и треба да учествува во амандманска расправа. Собранието е местото каде треба да ги достават сите нивни предлози, повикаа во средата од Владата.

Како што информираше владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, ставот на Владата е дека Законот е во согласност со Уставот, изгласан е во демократска атмосфера и е поддржан од мнозинството пратеници. Сепак, по усвојувањето тој ќе биде испратен на Венецијанската комисија.

„ Законот по усвојување во Собранието ќе оди на мислење на Венецијанска комисија, а кога ќе се врати во Република Македонија постои политички консензус и волја дека сите забелешки и сите мислења на комисијата ќе бидат имплементирани во него“, рече Бошњаковски.

Повтори дека не се предвидени дополнитени вработувања за овој закон туку оти ќе се користат постојните вработени во администрацијата.