Македонија

Владата денеска ќе избира нови директори на УБК и на БЈБ

Владата денеска ќе избира нови директори на УБК и на БЈБ

На владина седница денеска ќе се одлучува кој ќе го замени Сашо Мијалков на функцијата директор на Управата за Безбедност и Контраразузнавање,

На истата седница треба да се избере и новиот директор на Бирото за јавна безбедност, по преминувањето на Митко Чавков на функцијата министер за внатрешни работи.

Предлозите за двете функционерски места во полицијата се на предлог на министерот за внатрешни работи Митко Чавков, и се до нивниот официјален избор не се откриваат.

Смените на двете клучни директорски позиции во МВР, доаѓаат откако од позицијата министер за внатрешни работи и директор на УБК се повлекоа Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков.