Владата дозволи увоз без царина на смрзнато свинско месо

Владата донесе одлука на 6 месеци да дозволи безцарински увоз на замрзнато свинско месо за потребите на преработувачите.

Домашните свињарски фарми оваа одлука ја оценија како избрзана бидејќи претходно требало да се донесе уредба за декларирање на месото по угостителските објекти, да се акредитира метода со која се докажува дали во продажба месото е смрзнато па одмрзнато.

Одговори за тоа  дали ќе јадеме смрзнато наместо свежо месо бараше Игор Манасиевски во разговор со Ефтим Шаклев претседателот на здружението на производители на свинско месо.