Владата е отворена за дебата за канабисот

Груевски: Потребана е јавна дебата за легализација на марихуаната за медицински цели
Груевски: Потребана е јавна дебата за легализација на марихуаната за медицински цели

Владата е отворена за дебата околу легализацијата на марихуаната. Ова е одговор кој е упатен на прашањето на еМагазин кој е ставот на надлежните по ова прашање.

Владата на Република Македонија, следејќи го принципот на слобода на говор и отворена дебата секогаш ќе ја охрабрува јавноста и граѓанските организации да отворат дебати за сите прашања кои се од интерес на граѓаните на земјава и очекува за истите да се разговара без предрасуди, базирано на факти, како и врз основа на јасни индикатори. Владата на РМ секогаш ќе ги носи своите одлуки врз база на презентирани аргументи и ќе се води од приоритетите и интересите на граѓаните, велат од Владата.

Според законот во Македонија поседување и на една цигара со марихуана за лична употреба е кривично дело, а токму за „Декриминализација СЕГА“ се залага Здружението „Билка“.

„Декриминализација СЕГА“ е уште еден обид да се актуелизира нужноста за нови законски решенија, како и многуте потенцијали кои ги нуди ова растение во поглед на негово одгледување, државен прилив на средства, намалување на стапка на криминал и медицински бенефити.

Декриминализација на канабис за лична употреба подразбира состојба на неказнивост на уживателот на канабис, доколку секако не се работи за продажба. Тоа значи дека поседот или консумацијата особено на јавно место повторно се нелегални, но или не се санкционирани со казна затвор, или се на ранг на прекршок. Секако во различни земји е тоа различно регулирано. Во Холандија преку строга определба каде, кој и калку може да консумира канабис, во Португалија преку пристап на декриминализација до 15 грама за лична употреба со државно обезбеден тим за советување во услов на прекршок, во Каталонија преку клубови и сл, кажа неодамна адвокатот Јанаки Митровски за Радио МОФ.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.