Владата ги разгледува инцијативите од проектот „Учиме од бизнис заедницата“

Овој владин проект започна да се реализира во 2010 година најнапред под називот „Посета на 150 компании” по што откако се констатираше неговата корисност и обостраните придобивки од неговото спроведување, истиот продолжи да се реализира континуирано под називот   “Учиме од бизнис – заедницата” со кој што раководи вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Досега, во рамки на четирите циклуси од овој проект беа опфатени повеќе од 520 компании, од најразлични индустриски гранки и области од кои беа пристигнати околу 700 барања и иницијативи, а од кои Владата прифати и реализираш над една половина или над 350 предлози од домашните компании.

Од прифатените предлози и иницијативи на компаниите во рамки на овој проект меѓудругото произлегоа и:

-Измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност со што е намалена стапката на ДДВ од 18 % на 5% на прометот и увозот на жив добиток;

-Забрзувањето на постапките за донесување на урбанистичките планови и урбанистичко плански документации преку посебен електронски систем е—урбанизам;

-Се реализираше барањето на компаниите од туристичкиот сектор и беше воспоставена  директната авионска линија Охрид – Лондон;

-Се реализираше барањето на компаниите од транспортниот сектор за воспоставување на   приоритетни ленти на граничните премини Tабановце и Богородица, со што се овозможува побрз проток на жива стока, стока во свежа состојба, ADR (опасни материи) и празни камиони;

-Измени и дополнувања на Законот за угостителска дејност со кои им се овозможи на сите угостителските објекти лоцирани на граничните премини, аеродроми, железнички станици, бензински станици, на магистрални и регионални патишта и булевари да работат 24 часа, во интерес и на лицата кои патуваат.

И во рамките на овој циклус се опфатени компании од најразлични индустрии, со различна големина, различен број на вработени и обем на производство  лоцирани во сите региони во државата а интерес за вклучување во истиот е изразен и од Асоцијацијата на здруженија на работодавачите на превозните друштва во Република Македонија – МАКАМТРАНС, Здружението на производители на вино и други пијалоци произведени од грозје, Групацијата на агенции за недвижности при Стопанската комора на Македонија и Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија.