Владата го прифати текстот на Договорот за добрососедство со Бугарија, засега нема детали од содржината

Владата доцна синоќа на посебна владина седница го прифати Извештајот за извршените преговори за текстот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија и го прифати усогласениот текст на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, информираат во средата од владината служба за односи со јавнсота при што се наведува дека за јавнсота ќе следуваат дополнителни информации.

„Владата донела и одлука со којашто се определува претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, да го потпише Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. За ова ќе следуваат конкретни информации за јавноста“, се наведува во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.