Владата го усвои законот за продолжување на породилното отсуство

Премиерот Груевски денеска од големиот народен собир во Охрид информира дека е усвоен законот за продолжување на породилно отсуство за две три или повеќе деца одеднаш.

-Сакам да ве известам дека на последната седница на Владата, се усвоија измените на Законот за работни односи со кој се овозможува продолжување на платеното породилно отсуство, за мајките кој ќе родат две, три или повеќе деца одеднаш, од 12 месеци на 15 месеци, оваа мерка која ја најавивме пред 7 дена, веќе е преточена во закон кој е пратен во Собранието и набрзо после усвојувањето ќе стане реалност, рече Груевски.