вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 54

Владата гради државни и создава услови за изградба на приватни катни гаражи

Со директни државни средства во изградба на катни гаражи и со сет мерки за поттикнување на приватните инвеститори за отпочнување на сопствен бизнис со катни гаражи, Владата сериозно и значително влијае на изградбата на катните гаражи во главниот град но и за развивање на можностите за изградба на катни гаражи и во останати општини во државата, пишува „Курир“.

katna-garaza

Последни вести

Со директни државни средства во изградба на катни гаражи и со сет мерки за поттикнување на приватните инвеститори за отпочнување на сопствен бизнис со катни гаражи, Владата сериозно и значително влијае на изградбата на катните гаражи во главниот град но и за развивање на можностите за изградба на катни гаражи и во останати општини во државата, пишува „Курир“.

Посветеноста на владините институции за изградба на катните гаражи изминатиот период резултираше со сериозни капитални инвестиции во овие објекти преку кои сериозно се решава проблемот со паркинг местата во Скопје и дополнително се влијае за растеретување на сообраќајниот метеж во главниот град.

Во соработка со градот Скопје и општината Центар изминатиот период беа изградени катните гаражи кај поранешната локација на Цветен пазар со вкупно 445 паркинг-места, кај Судска палата со вкупно 500 паркинг-места и уште 1 катна гаража пред Министерството за финансии со 650 паркинг-места а ваков вид на објекти се изградија и се градат и од страна на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор, а за кои се разговараше и при вчерашната посета на премиерот Емил Димитриев на оваа институција.

Досега претпријатието изгради две катни гаражи со кои се обезбедија над 700 паркинг места. Околу 60 проценти и прогресот во градбата на третата катна гаража значи за кратко време ќе биде завршена со што ќе имаме нови, дополнителни 200 паркинг места. Работат и на подготовка за почеток на градба и на 4 катна гаража која ќе биде во Охрид и ќе го реши таму проблемот со паркирање. Го охрабрив претпријатието во секој наш град каде ќе ценат дека има потреба и исплатливост за градење на вакви објекти да се направат подготовки , посочи Димитриев.


Дополнително веќе е изградена и се користи од страна на граѓаните и подземната катна гаража Кресненско востание кај Македонската Опера и Балет која располага со 350 паркинг места.

Од Владата истакнуваат дека покрај државните инвестиции и инвестициите на локалните самоуправи во катните гаражи од сериозно значење се и приватните инвестиции.

Покрај инвестирањето во катните гаражи, Владата континуирано работи на унапредуање на условите за влез на приватниот капитал во оваа сфера. Определена е почетна цена за купување градежнио неизградено земјиште за изградба на катни гаражи од 1 евро м2, доколку се работи само за катна гаража. Доколку катната гаража се комбинира со опредлен деловен простор повторно имаме сериозно намалување на цените за купување на земјиштето во однос на реалните пазарни цени. Дополнително, комуналиите се намалени за 95% и тоа претставува една сериозна финансиска мотивација за приватниот капитал, за можности за инвестирање во оваа сфера, обезбедување на профитабилност за компанијата која ќе инвестира, а од аспект на држава значајно е унапредување на условите во сообраќајот и инвестициите во градежниот сектор и отворањето на нови работни места, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.


Како резултат на овие поволности а согласно исплатливоста на оваа дејност досега се изградени на 6 катни гаражи во Скопје со вкупно 1.384 паркинг – места и една катна гаража во Прилеп со вкупно 360 паркинг-места.

Со изградбата од овие катни гаражи од Владата истакнуваат дека покрај директниот бенефит за граѓаните во главниот град сериозна придобивка од истиот остварува и градежниот сектор кој е вклучен во изградба на катните гаражи од причина што претставува дополнителна работа за повеќе градежни компании, дополнителна финансиска добивка за градежниот сектор и дополнително овозможен ангажман на работници во овој сектор.

Најчитани вести