Македонија

Владата и наложи на СОЗР да ја поништи набавката на стилски мебел

Владата и наложи на СОЗР да ја поништи набавката на стилски мебел

Владата на РМ и наложила на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да ја поништи јавната набавка на мебел и опрема, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста и наведува дека Владата не била информирана и не ја побарала набавката.

– Владата не е информирана и не побарала мебел и опрема какви што се наведени во јавната набавка објавена од страна на Службата за општи и заеднички работи која е предмет на актуелен интерес во медиумите. Спецификацијата за јавната набавка е направена од Службата за општи и заеднички работи, без да се консултира Владата. Владата нема потреба од мебел каков што е наведен во спецификацијата и не се согласува со спецификацијата на јавната набавка. Владата и наложи на Службата за општи и заеднички работи да ја поништи јавната набавка, стои во соопштението.