Владата изрази жалење затоа што на Супер купот имало само македонски ора

Портпаролот на владата на Република Македонија Миле Бошњаковски изрази жалење во име на Владата на Република Македонија затоа што на свечената церемонија на отворањето на Супер-купот на Европа во Скопје немало ора кои го претставувале мултиетничкиот концепт во државата.

bosnjakovski-640x231
„Владата на Република Македонија не беше дел од Уметничкиот концепт на Суперкупот на УЕФА. Уметничката идеја беше направена од претходната влада и Фудбалската Федерација на Македонија како организатор. Новата Влада само технички ја подржа организацијата на европскиот Супер куп. Изразуваме жалење за тоа што ФФМ како организатор не посветила внимание на мултиетничкиот концепт на нашата држава“, изјавил портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, пренесува порталот Журнал.мк.

Интересно е што кога дава изјава за албански медиуми и сака да им се додворува на македонските Албанци, владата критикува и скандализира играорни ансамбли, и се дистанцира од организацијата на Супер купот, а кога треба пред целокупниот електорат да прибира ситни поени се обидува да прикаже слика дека без ангажманот на Владата на СДСМ, Супер Купот немало да може да се одржи во Скопје.

Такви обиди имаше преку изјавите на генсекот на владата Драги Рашковски, кој се обиде да изведе ефтин и провиден пи-ар трик, дигајќи џева дека „работите не се до никаде со Супер-купот“ и дека ако владата на Заев не преземе ништо, УЕФА ќе ни ја одземе организацијата. За тоа на помош беа викнати и порталите под директна контрола на СДСМ/Сорос.

Дека обидот за создавање паника беше провиден, докажа и инспекцијата на УЕФА која процени дека се исполнети сите услови за одигрување на натпреварот кој помина во одлична атмосфера и организација, за што Македонија беше пофалена од УЕФА.

 

Како потсетување, министрите Бујар Османи и Арбен Таравари после спектаклот во Скопје во кој силите ги одмерија Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, упатија силни критики зошто ората кои беа изведени на Супер купот како дел од свечената церемонија за отворање на натпреварот не го претставувале мултиетничкото општество во Македонија.

Бујар Османи побара одговорност од ФФМ, иако организатор на натпреварот е УЕФА која ја одобрува целокупната програма, додека пак Таравари за ората „Малешевско“ и „Копачка“ кои беа изведени на почетокот на супер купот во Скопје рече дека биле голем инцидент поради кој чувствувал голем презир и жалење.

Во жалењето на Таравари кое е очигледно дека е наменето кон понационалистички расположеното население од електоратот кој Таравари го смета за свој, сега и официјално се приклучи и целокупната влада на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.