Владата ќе аплицира за грантoви патните правци Гостивар – Кичево и К.Паланка – Деве Баир

Владата на Република Македонија на синоќешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за поднесување на Апliкација за инвестициски грант за изградба на Автопат А2 Гостивар – Кичево делница Букојчани – Кичево.

Усвоена е информацијата и за Апликација за инвестициски грант за градежни работи за рехабилитација и проширување на државниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир (граница со Бугарија), како дел од Коридор 8, во рамки на отворениот повик на Инструментот за инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF) за 2017 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.