Владата ќе обезбеди нови работни места и повисоки плати

Владата предводена од СДСМ преку Планот за економски раст сериозно се посветува на борбата против невработеноста, зголемување на просечната плата, зголемена поддршка кон домашните и странски инвестиции и зголемен извоз, уверуваат во петокот од владејачката партија во писмено соопштемие.

„Наместо тајното нетранспарентно трошење на парите на граѓаните за привлекување на странски инвестиции, Владата предводена од СДСМ отчено, одговорно и транспарентно работи на привлекување на странски инвестиции.
Наместо потценувачкиот и понижувачки однос од страна на владите на ВМРО-ДПМНЕ кон домашните компании, преку владиниот план за економски раст домашните компании ќе можат да сметаат на сериозна државна поддршка за отворање на нови работни места, нови инвестиции и поддршка на извозот.

Ќе се поддржат новосоздадените работни места за кои платите ќе изнесуваат за 50 отсто повеќе од минималната плата.

За секое новосоздадено работно место за кое ќе се исплаќа плата за 50 отост повисока од минималната плата, десет отсто од нето од вредноста на платата ќе биде вратена кон инвеститорот.

Со пакетот мерки ќе се стимулираат и високоплатените кадри, односно компаниите кои ќе дадат плата повисока за два пати од просечната плата во Република Македонија, ќе бидат финансирани со 20 отсто од исплатената плата.

На тој начин ќе се отвори спиралата за раст на просечната плата. Ќе се обезбеди државна поддршка за сите компании што ќе остварат пораст на извозот, а предвидени се и низа на мерки за привлекување на големи интернационални компании и меѓунационални корпорации, како и за рестартирање на компании кои се во стечај или ликвидација.

Како што вети пред граѓаните, Владата предводена од СДСМ почнува процес што обезбедува подобар животен стандард и услови за раст на економијата и бизнисот“, се вело во партиското соопштение.