18.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Владата ќе потроши уште 10 милиони денари за привремени вработувања

На официјалната страница на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Влада на Република Македонија – Генерален секретарјат и во овој оглас како  предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на услуги за привремено вработување од Агенција за привремени вработувања.

Владата планира да потроши 10.000.000 денари за привремени вработувања. Овој износ претворен во евра изнесува 162.469 илјади евра. Ова не е првпат Владата да  ангажира голем број луѓе и тоа да го прави преку Агенцијата за привремени вработувања со цел да си ги вработи партиските кадри, пишува  Економски.мк

Во јавноста излезе информација за тоа како владата користи одредена шема за вработување на својата партиска војска во државните институции додека на големо ја критикуваше претходната влада за обемна  и партизирана администрација .

Имено,  најлесно да се вработи партиски кадар, а да не биде преку оглас е да се ангажира преку договор за привремено вработување, па по три месеца да се вработи  со договор на неопределено.

Ваква шема на вработување користи сегашната владеачка гарнитура предводена од СДСМ   за да ги вработува партиските некомпетентни кадри во државната и јавната администрација. Најдобар пример е масовното вработување во Владата каде 120 партиски војници на СДСМ се вработени под договор на дело и тоа речиси сите од нив во секторот „комуникации“.

Разликата меѓу редовното вработување и она што е со привремено вработување е што секој што сака да се вработи во државната администрација треба прво да се пријави на оглас за чие одобрување треба да даде министерот за финансии и да се поминат сите филтри како интервју за работа и исполнување на одредени критериуми и стандарди.

Но кај оние со привремени вработувања доволно е да се ангажира Агенција за привремени вработувања, која оди во ставка “услуги“ на која ќе и се се исплати одреден надоместок за нејзината улога и толку. Други критериуми и квалификации не се потребни. Најважната работа кај овие вработувања е што овие договори од привремени со постоечкиот закон се трансформираат во договори на неопределено време, што на СДСМ му се дава можност да ја преполни државната и јавната администрација.