сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Владата ќе се вклучи во случајот „Карфур“

Владата најави дека во рамките на своите надлежности ќе се вклучи во случајот со затворањето на супер маркетот „Карфур“ во Скопје Сити Мол.

Поради долгови затворен „Карфур“ во Сити Мол?!

Поради долгови затворен „Карфур“ во Сити Мол?!

Поврзани вести

Владата најави дека во рамките на своите надлежности ќе се вклучи во случајот со затворањето на супер маркетот „Карфур“ во Скопје Сити Мол.

По само три години постоење, супер маркетот е под клуч, а веќе подоллго време во медиумите се шпекулираше дека маркетот има милионски долгови кон македонските фирми, за што алармираа и од Стопанската комора. Затворањето очигледно се наѕираше неколку месеци наназад, првично поради празните рафтови и се помалку производи кои им се нудеа на клиентите.

Од Владата велат дека дописот од Стопанските комори кои побараа владата да се вклучи во случајот е разгледан со полно внимание и сите државни институции кои се надлежни за овој и сите други случаи ќе постапат согласно законот.

Сумите кои фирмите поединечно ги побаруваат варираат од неколку илјади до десетици илјади евра.

Дел од медиумите веќе пишуваат дека „Карфур“ немал само долгови кон снабдувачите, туку и кон банките за подигнати кредити кои веќе ги активирале хипотеките. Неофицијално, компанијата која управува со маркетот досега навреме ја плаќала киријата во трговскиот центар и нема долгови по овој основ.

Вработените во „Карфур“ веќе неколку месеци бараа информација од претпоставените за состојбата на компанијата и кога ќе им се исплатат заостанатите плати за 3 месеци наназад.

„Карфур“ функционираше на 4.650 метри квадратни уште од почетокот со работа на Скопје Сити Мол пред речиси 3 и пол години. Она што започна со бројни промоции и огромни гужви пред касите на маркетот заврши со вчерашното спуштање на ролетните и прекинување со работа.

Најчитани вести