Македонија,Економија

Владата ќе додели 28 концесии за стопански и рекреативен риболов

Владата ќе додели 28 концесии за стопански и рекреативен риболов

Владата ја почна постапка за доделување концесии за риболов во Престапнско, Тиквешкото, дел од Охридското езере, во шест акумулации и неколку речни сливови.

Планирано е да бидат доделени три концесии за стопански риболов и 25 за рекреативен риболов.

Конкурсот е распишан пред 10 дена и самата постапка ќе се одвива во две фази.

За првпат ќе се воведе електронска аукција. Тендерската документација ќе може да се подигне до 17 март 2014 година.

За рекреативен риболов ќе бидат издадени концесии за 9 вештачки езера и 16 делови од реки.

Концесијата ќе им биде дадена на концесионерите за период од шест години.

Минималната цена којашто ќе треба да ја дадат понудувачите е 8.952.000 денари за Преспанското Езеро, 1.175.000 денари за Тиквешкото Езеро и 600.000 денари за зоната во Охридското Езеро.