Владата ќе им помага на сточарите во борбата против болеста син јазик

На вечерашната седница, Влада донесе сет мерки за болеста син јазик со кои ќе им се помогне на сточарите. Како што истакна заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиноски, во Дневникот на МРТ, договорени се сет мерки во две групи кои се однесуваат пред се на превентивно заштитна акција.

gostuvanje-500

– Постојано сме на терен ние и ветеринарските инспекции. Ситуацијата е тешка и веднаш на итна седница решивме да ги донесеме овие мерки, прво од превентивна и заштитна природа. Постојано ќе бидеме на терен и ќе ја следиме состојбата преку 330 лица кои секој ден ќе бидат присутни во одгледувалиштата и ќе дават извештај до надлежните, по што ќе се разгледа ситуацијата и ќе бидат донесени нови мерки, изјави заменик министерот Костадиновски за МРТ.

Втора група мерки се однесува на ослободување од пашарина за сите сточари кои имаат угинати животни, односно во жариштата каде има син јазик. Сточарите потребно е да го пријават секое животно кое ќе угине кај ветеринарен испектор и тоа да се констатира со записник, за да може да добијат субвенција како надомест за одвивање на сточарските активности. Кон случаите на злоупотреба ќе бидат применети најстроги санкции.