Владата ќе одвои 1,5 милиони евра за таблет-компјутери за студентите

Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери за таблет компјутери кои ќе бидат наменети за студентите, денеска влезе во собраниска процедура и ќе се усвојува по скратена постапка.
Се работи за таблет компјутери со тастатура кои ќе можат да ги добијат студенти од смејства во кои месечните приходи не го надминуваат износот од 32 илјади и 700-тини денари, како и за студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби.
Вредносните бонови-ваучери за студентите ќе изнесуваат 8000 денари
За спроведување на овој закон се потребни 1,5 милиони евра, пари кои ќе бидат обезбедени  од буџетот на Министерството за информатичко општество.