Македонија

Владата ќе посредува малите фирми да станат добавувачи на странските компании

Владата ќе посредува малите фирми да станат добавувачи на странските компании

Во првите девет месеци од 2014 македонската економија остварила солиден економски раст, а за понатамошниот раст, заедничка констатација со ММФ, е дека има потенцијал за зголемување на интегрираноста на домашните фирми, посебно малите и средните претпријатија во ланецот на добавувачи на странските фирми.

– Разговаравме со мисијата за можните мерки коишто Владата ги планира во овој дел како и за нивни идеи и согледувања што дополнително може да направиме во тој дел почнувајќи од зајакнување на претриемачката култура, подобрување на капацитетот на менаџерските кадри, подобрување на стандардизацијата на производите, рече министерот за финансии Зоран Ставрески.

Преку анализа што ќе следи во следниот период, рече тој, во која ќе бидат вклучени и странски експерти од ИФЦ, македонските фирми кои имаат потенцијал да се вклучат во ланецот на добавувачи на странските компании, што на долг рок, според Ставрески, ќе им помогне на македонските копмании и сами да извезуваат.