Владата ќе продолжи да инвестира во студентските домови

Владата и понатаму ќе продолжи да инвестира во сместувачките капацитети на студентските домови, рече денеска министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Тој нагласи дека Владата досега инвестирала 200 милиони денари во реконструкција на студентските домови, со цел подобрување на условите за живеење.

Ристовски нагласи дека веднаш по изборите ќе преземат мерки за подобрување на условите во студентскиот дом „Гоце Делчев“, а најсоодветен период за тоа ќе биде летниот поради помалата фреквенција на студенти.