(ВИДЕО) Владата на Чиле: Вонземјани не’ посетија

Владата на Чиле официјално потврди дека на небото над еден дел од оваа земја била видена и снимена летечка чинија, и покрај бројните критики и исмејувања на идејата дека нашата планета на големо ја посетуваат вонземјани, објавија светските новински агенции, пренесува Нетпрес.

Сериозни докази?

Имено, Комитетот за истражување на аномалните воздушни феномени (CEFAA), огранок на чилеанското министерство за аеро-наутика, заклучил на основа на доставени фотографии дека над рудникот за бакар Колаваси, недалеку од градот Сантијаго, бил фотографиран неидентификуван летечки објект (НЛО).

„Дефинитивно станува збор за беспилотно летало. Тоа е летечки објект и многу значаен феномен, кој се квалификува како НЛО“, рекол директорот за меѓународни прашања на CEFAA, Хозе Леј.

Случајот со летечката чинија над чилеанското небо во април 2013 година, го забележале четворица инженери вработени во рудникот Колаваси. Според нивно тврдење, вселенскиот брод бил со сплескан облик, со пречник меѓу пет и десет метри, а летал на висина од околу 600 метри. На почетокот инжинерите не сакале да зборуваат со никого за тоа што го виделе и го фотографирале, но му се довериле на еден свој колега, која пак, фотографиите од мистериозниот обејект и’ ги испратил на чилеанската влада.

ЦИА се шегува на Твитер

Инаку, американската Централна разузнувачка агенција (ЦИА), се огласила по повод шпекулациите дека во 1950 година, на небото над Норвешка е виден вселенски брод.

„Се сеќавате на извештајот за активностите на небото во педесеттите? Епа тоа бевме ние“, порачала ЦИА на социјалната мрежа Твитер.