Владата на Египет поднесе оставка

Премиерот на Египет, Хазем ал Беблауи најави дека денес владата му дала оставка на привремениот претседател Адли Мансур, пренесе „АФП“.

Ваквата одлука е донесена само на неколку месеци пред претседателските избори, што ќе се одржат во Египет во средината на април.

Министерот за одбрана и командант на армијата Абдел Фатах ал Сиси се смета зао фаворит на претседателските избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.