Владата на САД разгледува депортација на 150 државјани на БиХ

Владата на САД разгледува депортација на најмалку 150 државјани на Босна и Херцеговина поради сомнение дека учествувале во воени злосторства и етничко чистење во 90-те години во земјата, пишува денеска „Њујорк тајмс“, пренесува МИА.

Во текстот се наведува дека имиграциските власти идентификувале околу 300 имигранти за кои се верува дека, кога барале влез во САД во бранот бегалци, го прикриле учеството во воени злостосртва, со што тој број би можел да достигне и 600.

Меѓу осомничените имигранти се фудбалски тренер од Вирџинија, металски работник од Охајо и четворица работници во хотелско казино во Лас Вегас, пишува „Њујорк тајмс“.

– Што повеќе ’копаме’, наоѓаме се повеќе документи, рече историчарот Мајкл Мекви, кој ја водел истрагата во одделението на Имиграционата служба за воени злосторства.