Владата на СДСМ ја задолжува Македонија со 1.200 евра во минута

Изминативе 34 дена владата на СДСМ ја задолжи државата за 60 милиони евра. Тоа би значело дека владата на Зоран Заев секој ден ја задолжува Македонија со 1.764.705 евра, oдносно секој час со 73.529 евра, секоја минута со 1.225 евра, а секоја секунда државата е задолжена со 20,4 евра или 1.250 денари.

Секој ден- 1.764.705 евра

Секој час- 73.529 евра

Секоја минута- 1.225 евра

Секоја секунда- 20,4 евра (1.250 денари).

Според информациите, Министерството за финансии на вчерашната аукција за хартии од вредност се задолжи за 27,2 милиони евра, а денеска доспеваат за враќање само 7,8 милиони евра.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера реагираа дека министерот за финансии Драган Тевдовски, побрзал да се правда, но дилемата останува зошто СДСМ одлучи да повлече цели 3 милиони евра повеќе од тоа што беше објавено во проспектот.

„Од овие 60 милиони евра граѓаните досега не видоа ништо. Минималната плата не е покачена на 16.000 денари како што ветуваше Заев, ниту пак просечната плата се покачи на 30.000 денари. Докторите сеуште ги очекуваат ветените 100.000 денари плата, а нема отпочнато ниту 1 километар од новите 500 километри автопат кои СДС ги ветуваа како капитална инвестиција. До пред само еден месец СДС секојдневно го напаѓаше издавањето на државни хартии од вредност. Јавноста се прашува колку ли ќе ја задолжеа државата доколку не беа толку лицемерни и не се спротиставуваа на овој начин на финасирање на буџетот“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.