Владата на Собранието ќе му предложи измени на Законот за заштита на сведоци

На својата 38-ма седница од средата вечерта, Владата на Република Македонија на денешната 38 седница, донесе одлука да предложи до Собранието на усвојување предлог закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, информираат од владината служба за одоси со јавноста.

Целта на оваа предложена законска измена, како што се појаснува во соопштението, е да се обезбедат услови за спроведување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, попознато како Специјано јавно обвинителство (СЈО).

Владата одлучила на Собранието да му предложи и закон за престанок на важењето на Законот за совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија.

Основна цел на овој предлог закон е престанување на важење на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија и враќање на надлежноста за водење на дисциплинска постапка на Судскиот совет на Република Македонија, водејќи сметка за дадените забелешки и напатствија од меѓународните институции во делот на реформите на правосудниот систем.

Во образложението за овој предлог се вели дека практиката покажала дека формирање на вакво професионално тело за покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија не ја остварило целта на основањето, туку, напротив, тоа било формирано без да се направи целосна анализа на недостатоците во Законот за судски совет што резултирало со негативен извештај од меѓународните институции, вклучувајки ги и забелешките од Венецијанската комисија.