Балкан

Владата на Србија ќе го спасува Танјуг

Владата на Србија ќе го спасува Танјуг
Владата на Србија ќе го спасува Танјуг

Владата на Србија и покрај уредбата за згаснување, се обидува да најде решение за Танјуг, објави Блиц.

По информациите дека Танјуг официјално претстанал со работа, и дека вработените ќе бидат на своите работни места до крајот на ноември, Владата на Србија проценила дека треба да се вложат напори да се изнајде решение.

– Идеално би било да се најде купувач, па времето до крајот на месецот ќе биде искористено за тоа, изјавил за весникот извор од Владата.

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ остро го критикуваше вчера министерот за култура Иван Тасовац поради гаснењето на Танјуг.