Владата на вонредна седница ќе ги разгледува штетите од ниските температури

Неспецифично ниските температури кои ја зафатија Македонија во последниов период предизвикаа големи проблеми кај земјоделските култури. Токму од оваа причина денеска во Преспа на теренска проверка на состојбите беше заменик министерот за земјоделство, шумарско и водостопанство, Ванчо Костадиновски.

Костадиновски кажа дека навистина жали за ваквата состојба и кажа дека неспецифичните временски услови кои ја зафатија Македонија во овој период придонесоа за штети кај земјоделските култури.

-Како што можам да видам и да констатирам, неповолната временска состојба која што ја зафати Република Македонија, вклучувајќи го и преспанскиот регион, предизвика кај овошните насади, посебно кај јаболката во преспанскиот регион, овде кај што се наоѓам денеска, во увид на состојбата. Навистина жалам за ваквата состојба и можам да кажам дека генерално она што УХМР го најавуваше преку своите стручни лица, преку соопштенија во медиумите и кога ја информираше јавноста, навистина и тоа се случи, бидејќи ваквата состојба генерално е присутна секаде на Балканот. Неспецифичните временски услови за овој период од година придонесоа да се случат вакви штети, посебно кај овошните насади, изјави Костадиновски.

Тој потврди дека тимови од МЗШВ се на терен за да ги проверат состојбите.

-Денеска на повеќеместа во Република Македонија, во повеќе региони се наоѓаат вработените од Министерство за земјоделсто шумарство и водостопанство, членови на мојот тим од Министерството, кои што вршат првичен увид на состојбата со штетите предизвикани  од пролетиот мраз, кажа Костадиновски

Тој во Преспа кажа дека Владата вечер ќе свика вонредна седница токму од оваа причина, на  која ќе се донесат според информациите со кои до тогаш ќе располагаат.

-Она што е од посебно значење и што ги интересира во овој момент земјоделците е дека Владата и Министерството ќе бидат во постојан контакт со земјоделците и веќе е закажана вонредна седница на владата, во вечерните часови, каде што по подготвениот материјал од  првичниот увид во состојбата и вклучувајќи го целиот извештај на УХМР, да ја рагледаме состојбата и анализирајќи ги сите податоци со кои располагаме на вечерашната седница да донесеме одредени мерки, за кои дополнително ќе ја информираме јавноста, посебно од интерес на земјоделците. Можам да кажам дека ние ќе се грижиме и понатам за земјоделците, ќе формираме комисии, кои што заедно со локалната самоуправа, ќе овозможиме да се направи реална проценка на штетите кои што се настанати, не само во преспанскиот регион, туку и во сите региони во Република Македонија, каде што најмногу се погодени овошните насади, и по направените првични проценки да постапиме согласно законот, кој што ни дава можност да обезбедиме одреден надомест за земјоделците, кажа Костадиновски.

Тој кажа дека годинава се очекувал рекорден, помеѓу 140 и 150 илјади тони јаболко, но поради временските неприлики ќе имаат значително  нарушување на плановите кои ги имале.

Имајќи во предвид она што значи проширување на земјоделските површини под јаболков насад, оваа година очекувавме навистина да биде со рекорден род, помеѓу 140 и 150 илјади тони производство на јаболка. Оваа штета што ја предизвика мразот ќе има значително влијание и нарушување на плановите кои што ги имавме. Сега за сега имаме само првични информации, со оглед на она што го видовме со увид на терен, и по завршувањето на комплетната проценка од страна на стручните лица, од страна на комисиите ќе имаме целосна слика за она што се случува.