Владата на Заев нема демократски капацитет

Британската премиерка Тереза Меј во рамките на еднодневната посета на земјава оствари средба и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На средбата стана збор за актуелната политичка и општествена ситуација во државава, можностите за соработка и стратешките приоритети на државата.Мицкоски рече дека државата е со влошена економска состојба, а граѓаните живеат се потешко. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Владата демонстрира недостаток на демократски капацитет, но и нетранспарентност во однос на најчувствителното прашање, спорот со името.Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за отворени и поинтензивни односи со Велика Британија базирани на пријателство и меѓусебно разбирање, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.