Владата планира зголемено породилно отсуство за мајките кои ќе родат две или повеќе деца

Премиерот Груевски на големиот народен собир во Прилеп порача дека СДСМ неможе со креираните и монтираните снимки да го сруши ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека народот гледа дека оваа политичка гарнитура се грижи за сите насекаде низ Македонија, и за сите категории граѓани, и постојано и неуморно наоѓа нови решенија за проблемите на народот, нови решенија за покваалитетен живот, порача.

-Еве на пример наскоро Владата планира за мајките: Зголемување на платеното породилно отсуство од работа од сегашните 12 на 15 месеци, значи дополнителни 3 месеци,  за мајките кои ќе родат 2, 3 или повеќе деца одеднаш, со цел да се овозможи мајката да има подолг период за грижа и развој на децата, истакна Груевски.

Тој порача дека Македонија е мудра, граѓаните на Македонија се премногу искусни за да може ваква интрига и вакво деструктивно сценарио да ги сруши нивните вредности и нивната верба и доверба.

-Прилепчани се мудри, работливи, честити луѓе, знаат да препознаат кој колку вреди и кој работи за нивно добро, знаат да направат разлика и го знаат нашиот вистински лик. Нашиот вистински лик се нашите дела и проекти, тоа е нашата борба за Македонија, борба за секое семејство, за секој наш граѓанин. Затоа што нивната судбина е и наша судбина, нивните предизвици се и наши, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.