четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 84

Владата почна процедура за проценка на штетите од „шарените“

Започна процедура со која ќе се проценуваат штетите од „шарените“ протести. Државата започна процедура за проценка на штетите на јавните добра кои беа предизвикани од неодговорни поединци кои протестираат под параванот на таканаречената шарена револуција.

vlada-boja-640x360

Поврзани вести

Започна процедура со која ќе се проценуваат штетите од „шарените“ протести. Државата започна процедура за проценка на штетите на јавните добра кои беа предизвикани од неодговорни поединци кои протестираат под параванот на таканаречената шарена револуција.

Во оваа проценка се очекува да влезат оштетените објекти на Собранието и Владата на Република Македонија, Портата Македонија, објектите на Министерството за правда, Министерството за култура, Управата за јавни приходи, Агенцијата за медиуми, Агенцијата за вработување, поголем број на споменици и споменични обележја, плоштади, како и објектите на општините Битола, Прилеп и поголем број други јавни добра кои неа предмет и цел на шарената канонада.

Од Владата потврдуваат дека е започната оваа процедура за проценка на штети, и додаваат дека за некои од објектите Бирото веќе има направено вештачења по барање на самите субјекти.

Владата на седница го задолжи Бирото за судски вештачења во рок од 30 дена да изврши проценка на штетите врз административните згради на државните институции, административните згради на локалните самоуправи, споменици, плоштади и други објекти во Република Македонија, штети кои се настанати како резултат на одржаните протести во изминатиов период во повеќето градови низ земјата, и истата да ја достави до Владата и до институциите во чија надлежност се оштетените објекти, потврди за Прес 24 владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Тој додава дека проценката е потребна за да може да се утврди план за санација на јавните добра.

Сите овие објекти и јавни добра се создадени од средства на граѓаните. Како држава е потребно да направиме проценка на настанатите штети, за да направиме проценка на финансиските трошоци кои се потребни за санирање на објектите и јавните добра, како и за да се утврди план за процедурите и активностите за санацијата, вели Ѓорѓиев.

Во медиумите веќе се пишуваше дека во некои земји од западна Европа и во САД за оштетување на јавни добра се предвидени соодветни прекршочни или кривично правни санкции. Досега од страна на македонските институции беа отворени неколку постапки за утврдување на одговорноста за штета при овие протести.

Од Владата велат дека ваквиот вид на проценка која ќе ја прави Бирото за судски вештачења во соодветна постапка и по потреба може да биде користена и за утврдување на видот и обемот на евентуална одговорност за сторените штети, но тоа зависи од органите на прогонот кои спроведуваат ваков вид на постапки

Најчитани вести