Владата работи посветено на реформските приоритети од европската агенда

Владата во континуитет е посветена на реализација на реформите кои се значајни за европската и евроталантската агенда. Во последните месеци заради политичките случувања и мандатот и ингеренциите на Владата за спроведување на изборите, од оправдани причини дојде до намалување на интензитетот за реализација на планот за итни реформски приоритети заради фактот што во предизборен и изборен период, дејствувањата на институциите се ограничени а значаен дел на реформи кои се одвиваат низ законски и подзаконски акти или пак проекти не се можни заради законските ограничувања, вели Александар Ѓоргиев, портпарол на Владата.
Ќе се покаже една зголемена динамика, вели Ѓорѓиев и со посилен интензитет ќе се осврне на реализацијата на реформите со цел да се даде квалитет во целокупниот систем.

На тоа поле сме посветени за соработка на сите институции. Владата како централен орган но очекуваме и вклученост на сите засеганти страни и задржување на континуитетот на сорботка со меѓународната заедница. Ние и до сега сме во тесна соработка и координација со меѓународната заедница, со Брисел, околу реализацијата на овие реформи и до сега имаме испратено два извештаи, едниот во септември минатата година, а едниот во февруари мината година, вели Ѓорѓиев.


Премирерот Димитриев уште вчера истакна дека Владата на Република Македонија почнува понтензивна комуникација со сите институции со цел да го зголеми фокусот на реализација на планот на активности за итните реформски приоритети.

Во периодот кога беа распишани изборите ваквите активности не одеа со динамиката која беше посакувана. Сега согласно акцискиот план во кој се точно утврдени рокови  за сите мерки сите институции преземаат обврски за да го реализираат она што се бара од нив, изјави Димитриев по координативниот работен состанок во Владата на тема „Акциски план за реализација на итните реформски приоритети“, вели Димитриев.

emil-dimitriev-vlada-640x313

Димитирев прецизира дека од акцискиот план произлегуваат неколку стотици мерки кои задираат во речиси сите области како што се правосудството, јавната администрацијабезбедносниот сектор, медиумите, меѓуетничките односи

Откако стана извесно дека изборите се пролонгирани, координативниот работен состанок, покрај тоа што има суштинска компонента на реално согледување на статусот и чекорите за унапредување на истиот, е и со цел да се акцентира фокусираноста на политичката влада кон овие реформски приоритети и во следниот период да се обезбеди една сериозна динамика и интензитет на нивното спроведување, во консултација со засегнатите страни и во соработка со меѓународната заедница.

Врз основа на тие прегледи се координираат следни активности, како и сферите каде што е потребно поголемо динамизирање, сфери каде што има добар напредок, сфери каде што треба да се пристапи кон имплементација на реформите и слично, и се разбира дека има и уште значаен дел за работа и токму затоа ние го покажуваме овој активизам кој ќе има континуитет, и во суштината и во пристапот и во целите кои сакаме да се постигнат.

Инаку и покрај политичката состојба, Владата во изминатиот период спроведе продолжение се некои од мноштвото чекори/мерки/придвижувања:

-Донесените измени на Изборниот законик

-Нацрт стратегијата за реформа на секторот правосудство(2016-2020) е усвоена од Владата и е доставена до Европската Комисија, и се очекуваат коментари од ЕК

-Изготвена е анализа за меѓународни стандарди за оценување на работата на судиите, согласно препораките на експертите во рамките на ИПА 2010 проектот за оценување и работа на судиите, се чека мислење од Европската Комисија

-Тековно се спроведуваат активности за реформа на јавната администрација според новите законски решенија изработени со ЕК и СИГМА

-Донесена е медотологијата за антикорупциска проверка на легислативата

-Донесен е закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на интереси, во кој се пропишаа одредби за водење на Регистар на избрани и именувани лица, во тек е воспоставување на електронска база

-Мораториум на владино рекламирање

-Укинување на законот за лустрација

-Изготена е анализа во однос на препораките од експертската мисија во однос на законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда

-Изработен е информационен систем за управување со човечки ресурси, со над 1300 институции кој по целосно пополнување ќе прерасне во Регистар на сите вработени во јавниот сектор и нивната структура и специфики

-Подготвена е работна верзија на предлог закон за изменување и дополнување на законот за следење на комуникациите, с еодржа експертска мисија,изготвен е и правен извештај, во тек се консултации

-Континуирано се следи постапувањето по препораките на народниот правобранител

-Обезбедена е аудио визуелна опрема за 19 јавни обвинителства

-Усвоена е Државна програма за превенција и репресија на корупцијата и појавата на судирот на интереси со акциски план

-Воспоставена е евиденција за назначување во судовите

-Изготвено е упатсво за начинот на избор на судии и јавни обвинители кои ќе се испраќаат на престој во Европскиот суд за човекови права

-Донесен е нов закон за Академија за судии и јавни обвинители

-Изработен е нов модерен веб портал за објавување и брзо пребарување на судските пресуди…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.